Почитувани, Во пресрет на одржувањето на Новогодишниот електронски натпревар , во продолжение Ви ги доставуваме деталните информации за неговиот тек. 🗓️ ДАТУМ И РАСПОРЕД Натпреварот ќе се одржи на 27.12.2025 година (сабота) . Поради големиот број на учесници, натпреварот ќе се реализира во четири групи , според следниот распоред: второ одделение – почеток во 10:00 часот; трето одделение – почеток во 10:40 часот; прво и четврто одделение – почеток во 11:20 часот; петто одделение – почеток во 12:00 часот. ⏱️ ВРЕМЕТРАЕЊЕ Натпреварот трае 60 минути за сите одделенија. 🔗 ПРИСТАП ДО ЗАДАЧИТЕ Линковите до задачите ќе бидат објавени 5 минути пред почетокот на натпреварот, на овој блог. Доколку го отворите блогот порано, направете refresh . 📝 ПРИЈАВА И ВНЕС НА ПОДАТОЦИ Секој ученик избира одделение и наставен јазик . Се внесуваат основните податоци за ученикот. Внесените податоци автоматски се користат за дипломи/сертификати – внесувајте внимателн...