ИНФОРМАЦИИ ЗА ВТОР НОВОГОДИШЕН ЕЛЕКТРОНСКИ НАТПРЕВАР 2025
Во пресрет на одржувањето на Новогодишниот електронски натпревар, во продолжение Ви ги доставуваме деталните информации за неговиот тек.
🗓️ ДАТУМ И РАСПОРЕД
Натпреварот ќе се одржи на 27.12.2025 година (сабота).
Поради големиот број на учесници, натпреварот ќе се реализира во четири групи, според следниот распоред:
- второ одделение – почеток во 10:00 часот;
- трето одделение – почеток во 10:40 часот;
- прво и четврто одделение – почеток во 11:20 часот;
- петто одделение – почеток во 12:00 часот.
⏱️ ВРЕМЕТРАЕЊЕ
Натпреварот трае 60 минути за сите одделенија.
🔗 ПРИСТАП ДО ЗАДАЧИТЕ
- Линковите до задачите ќе бидат објавени 5 минути пред почетокот на натпреварот, на овој блог.
- Доколку го отворите блогот порано, направете refresh.
📝 ПРИЈАВА И ВНЕС НА ПОДАТОЦИ
- Секој ученик избира одделение и наставен јазик.
- Се внесуваат основните податоци за ученикот.
- Внесените податоци автоматски се користат за дипломи/сертификати – внесувајте внимателно.
📊 ЗАДАЧИ И БОДУВАЊЕ
- Прво одделение: 15 задачи.
- Останати одделенија: 20 задачи.
- Секоја точна задача носи 5 поени.
- Нема негативни поени.
✅ ЗАВРШУВАЊЕ НА НАТПРЕВАРОТ
- Задолжително изберете SUBMIT.
- Можно е појавување на верификација.
- Мора да се одговори на сите прашања.
⚠️ ЗАБЕЛЕШКИ
Забелешка 1: Проверете дали имате доволно простор на email адресата која ја внесувате во полето Email. На таа адреса ќе добиете потврда дека одговорите се примени, резултати по завршување на натпреварот и сертификати/дипломи. Известувањата можат да бидат и во spam/junk фолдерот.
Забелешка 2: Доколку има двајца или повеќе ученици од исто семејство, во исто одделение, коишто решаваат истовремено од два или повеќе различни уреди, треба да бидат најавени на различен gmail акаунт (слика долу), независно од тоа кој пребарувач го користат (Google Chrome, Microsoft Edge, Mozilla Firefox и сл.). Акаунтот може да се смени на Switch account.
🛠️ ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА
Ви благодариме за учеството и Ви посакуваме многу успех!
Ваш СММ!